Во болниците во земјава, во кои се лекуваат пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19, се хоспитализирани 1 348 пациенти, а слободни се околу 180 болнички кревети, покажува денешниот пресек на состојбите од Министерството за здравство.
Од хоспитализираните, 476 лежат во болниците во Скопје, додека во другите градови се сместени 872 пациенти.
Состојба во ковид-центрите во Скопје
Најмногу пациенти во Скопје се сместени на Инфективната клиника – 151 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 108. Во Детската болница во Козле, пак, се хоспитализирани 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни.
На интерните клиниките состојбата е следна: на Кожната клиника лекуваат 25 пациенти; на Клиниката за неврологија 33; на Институтот за ТБЦ 51 пациент; на Клиниката за нефрологија 25; на Клиниката за очни болести 16; на ОРЛ 27 болни и на Клиниката за гастроентерохепатологија 9 пациенти.
Во внатрешноста најмногу хоспитализирани во Прилеп, Куманово и Охрид
Од болниците во внатрешноста најмногу пациенти се сместени во прилепската болница 130. Понатаму, во Куманово 114, а во Охрид 110.
Во битолската болница има 75 хоспитализирани, во струмичката 71. Во Велес се лекуваат 63, во Гостивар 62, во Штип 59, во Кавадарци 44, во Струга 43, во Тетово 40, во Кичево 20, во Кочани 17, во Гевгелија 15, а во Дебар 9.