Преку социјалните мрежи од попладнево траеше повикот за потрага по двајцата гевгеличани, кои се загубиле кај месноста „Круша“, на планината Кожуф
Двајцата средовечни гевгеличани, Кире Арнаудов и Владо Дагалев, за по кои од попладнево трагаа екипи на МВР, Шумската полиција, планинари и нивни роднини, вечерва околу 22 часот се пронајдени.
Преку социјалните мрежи од попладнево траеше повикот за потрага по двајцата гевгеличани, кои се загубиле кај месноста „Круша“, на планината Кожуф. Тие самите побарале помош откако не можеле да се снајдат каде се наоѓаат.
Веднаш биле мобилизирани сите екипи, но лошите временски услови (дожд и магла), го отежнувале барањето. Тие вечерва се пронајдени.