Јадранскиот дел на Хрватска го зафати силно невреме, проследено со јак ветер, обилни врнежи од дожд и високи бранови
Хрватскиот државен хидрометеоролошки институт (ДХМЗ) објави црвен метеоаларм за Истра, Далмација и островите во Јадранското море, поради силниот ветер кој достигнува брзина и до 130 километри на час на отворено море.

Ветерот од јужен правец од пладне дува во пошироката област Сплит, при што хидрометоролошката станица „Марјан“ регистрирала брзина од 108 километри на час, пренесува Далмација денес.
Kaštel Štafilić upravo ?⚠️ ?Alen Grubelić @crometeohr @N1infoZG pic.twitter.com/lvIGvqornj
— Tea Blažević (@blaTeabla) December 6, 2020
Поради големите бранови, некои делови од крајбрежјето се веќе под вода, како што е во Каштел, Шибеник и Водице.

Метеоролозите предвидуваат дека брановите на отворено море може да достигнат и од четири до шест метри висина, а на крајбрежјето и до пет метри, пишува порталот Индекс.

Најавено е и големо количество врнежи, особено во областа на Истра, објаави Истрамет. Поради најавите дека е можно количината на врнежи за неколку часа да биде поголема од онаа што паѓа за еден месец, се предупредува на можноста од поплави.

Poći autom ili kaićem, pitanje je sad?!? @RadeZupanovic @N1infoZG pic.twitter.com/OmRMQr56ts
— Tea Blažević (@blaTeabla) December 6, 2020
Поради силниот ветер и големите бранови во прекин е поморскиот сообраќај како што се траектните и катамаранските линии.
Силен дожд се предвидува и за регионите Госпиќ, Книн, Риека, Сплит и Дубровник. Затоа во овие области е прогласен портокалов метеоролошки аларм.
На социјалните мрежи се појавија видеа од жители на погодените региони на кои е прикажана ситуацијата на терен.
Kako to izgleda na otvorenom moru gdje su udari juga i preko 120 km/h ?
— DHMZ (@DHMZ_HR) December 6, 2020
? Pjerino Ivčević sa Biševa pic.twitter.com/fH18VK0xG2
