Уште еден пратеник во Собранието, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и меѓународен секретар на партијата, е позитивен на коронавирус.
„Пред малку добив резултат дека сум позитивен на ковид-19. Чувајте се и чувајте ги вашите семејства. Вирусот воопшто не е наивен“,
објави тој попладнево на својот Фејсбук профил.
Пред малку добив резултат дека сум позитивен на COVID-19. Чувајте се и чувајте ги вашите семејства. Вирусот воопшто не е наивен!
Posted by Тимчо Муцунски / Timco Mucunski on Sunday, December 6, 2020
Последиве неколку месеци, повеќе пратеници беа во изолација поради тоа што беа позитивни на коронавирус. Токму поради тоа, претседателот на Собранието Талат Џафери предложи измени во Деловникот за да се овозможи на оние пратеници кои се во изолација поради позитивен тест или поради контакт со заболен, да може да учествуваат во работата на парламентот. Но од опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Левица, предлог – измените се затрупани со над 3 000 амандмани, чија цел е да се спречи владејачкото мнозинство да ги изгласа.
Опозицијата тврди дека овозможувањето онлајн вклучување на пратениците е противуставно и ја обвини власта дека сака на ваков начин да си обезбеди мнозинство, во услови кога дел од пратениците од мнозинството беа во изолација.
*Поврзанa вест
Заев за амандманите на Левица: Ова е срамна непочит кон граѓаните