Процентот на заразени од бројот на тестирани и натаму е висок и изнесува 38,4 отсто
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 22 398
Во изминатите 24 часа 23 лица во земјава починаа од компликации предизвикани од ковид-19 и регистрирани се 659 нови случаи на позитивни со коронавирус, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Од починатите 23 лица, најмногу се од Скопје – петмина на возраст од 61 до 84 години, двајца се од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г).
Тројца од починати се надвор од болнички услови.
Новите 659 позитивни на коронавирус се откриени при спроведени 1 715 тестирања, при што повторно, најмногу се во Скопје-248, потоа Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-33, Тетово-40, Струга-39, Велес-33, Битола-46, Охрид-47, Кавадарци-14, Гостивар-21, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-14, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-11, Валандово-1, Виница-11, Делчево-5, Свети Николе-17, Кичево-4, Ресен-12, Неготино-21.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од: Скопје-331, Куманово-140, Дебар-10, Штип-27, Прилеп-45, Тетово-11, Струга-28, Велес-41, Битола-28, Охрид-33, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-8, Пробиштип-4, Демир Хисар-6, Македонски Брод-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-1, Свети Николе-16, Кичево-11, Ресен-5.
Со денешните случаи, вкупната бројка на ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67 968, оздравени се 43 646, починаа 1 924, а бројот на активни случаи изнесува 22 398.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 29 449, активни 10 767• Куманово 4 010, активни 778• Дебар 504, активни 128• Штип 2 876, активни 515• Прилеп 3 372, активни 1 032• Тетово 4 110, активни 1 100• Струга 1 638, активни 490• Велес 2 211, активни 707• Битола 2419, активни 975• Охрид 1826, активни 624• Кавадарци 1 452, активни 584• Гостивар 2 841, активни 1 121• Гевгелија 828, активни 277 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 142 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1 845, активни 574• Крива Паланка 483, активни 146• Радовиш 469, активни 120• Крушево 143, активни 74• Кочани 1331, активни 261• Пробиштип 387, активни 90• Демир Хисар 211, активни 69• Македонски Брод 184, активни 40• Пехчево 108, активни 21• Берово 423, активни 125• Валандово 231, активни 66• Виница 397, активни 139• Делчево 537, активни 265 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 169, активни 46• Свети Николе 910, активни 223• Кичево 1 370, активни 451• Ресен 526, активни 215• Неготино 708, активни 375 (103 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 1 715 теста се преку: ИЈЗ-546, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-301, Биотек-215, МАНУ -183, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со PCR метода -186, лабораторија Лаор –81, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-2, Синлаб-9.
Досега во земјата се направени вкупно 348 795 тестирања на Ковид -19.