Александар Пандов, претседател на Патриотскиот инсттут на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Владата одржа прес-конференција, на која имаше поставено макети на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров и министерот Бујар Османи како и специјалниот пратеник на Владата за Бугарија Владо Бучковски како стрип – ликовите браќа Далтон, кои се припадници на криминална банда.

За владните функционери рече дека тргуваат со македонскиот идентитет, за македонската историја, за македонскиот јазик.
„Зоран Заев беше тој кој што гарантираше дека придавката ‘македонски’ е загарантирана за македонска влада, македонски јазик, за македонска историја. Вчерашното интервју дознавме дека Зоран Заев таа придавка ‘македонска’ ја ставил на маса во преговорите со Бугарија. Оттука заклучуваме дека оној Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, кога се работеше за името на Република Македонија и се откажа од своето најмило стравуваме дека сега ќе се откаже од најсветото за секој еден од нас во Македонија, македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет“,
рече Пандов, нарекувајќи ги банда Далтони.
Тој најави дека за ова, ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, во идно време ќе ги суди за велепредавство и за сите криминали кои што ги направија на државата.