Докторката апелира да се внимава зашто факт е дека умираат и млади и стари
По повод, меѓународниот Ден на волонтери, претседателот Стево Пендаровскi објави на својот фејсбук профил разговор, преку видео–врска со докторката Оливера Зарковска, специјалист интернист која работи во поликлиниката во Шуто Оризари.
„Со почетокот на пандемијата, таа се пријави како волонтер и за време на викендите покрива дежурства во ковид- центарот на Гастро и Нефрологија. Апелира да се внимава зашто факт е дека умираат и млади и стари. Вакво нешто, вели, нема видено, а вирусот е монструм“,
напиша Пендаровски.