Вкупнo 1 286 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, соопшти вечерва Министерството за здравство, при што се истакнува има околу 160 празни болнички кревети.
Од оваа бројка 443 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, од кои 43 се новопримени во изминатите 24 часа, додека 843 пациенти се хоспитачизирани во болниците во другите градови.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти. Во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести се згрижени 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.
Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 пациенти. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, како што соопштува, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.