Во центарот на Белград, на паркингот кај јавниот сервис РТС, околу 10 часот утрово се случила силна експлозија, јавува ТВ Н1.
Еден работник на 65-годишна возраст загинал, додека друг 64-годишник е итно префрлен со Брза помош во Ургентниот центар во Белград на реанимација. Повреден е уште еден работник (50 години), кој со приватно возило е префрлен во болница со повреди на главата.

Станува збор за работници кои го поправале системот за климатизација во РТС, пишува ТВ Н1.
Уништени се и неколку автомобили и искршени се стакла на дел од зградата на јавниот сервис.
