За јазикот и идентитетот не се разговара, тие две прашања се затворени, тврди поранешниот заменик во МНР, наспроти доскорешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој вели дека не е решение ако се прифаќа се што ќе се понуди
Правиме се за да не дојде до вето, се што е во духот на добрососетките односи. Не можам да предвидам до каде ќе оди Бугарија, но ние ќе ги користиме сите орудија кои ни се на рапсолагање. И да се случи вето ние ќе продолжиме да разговараме, затоа што немаме друга алтернатива за иднината од Европската Унија, изјави доскорешниот заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, на денешната дебата на ТВ 24 со претеникот и доскорешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој нагласи дека јазикот и идентитетот не се тема на преговорите, туку други отворени прашања.

„За јазикот и идентитетот не се разговара. Тие две прашања се затворени. Нашата стратегија е седнување и разговарање, само тоа е начин да дојдеме до решение. Да видиме што му пречи на соговорникот и да зборуваме и за тоа. Има многу прашања, но јазикот и идентитетот не се тема. Зборуваме пред се за имплементација на Договорот. Само со пријателство и добри односи ќе ја добиеме иднаната која ја посакуваме“,
рече Жерновски.
Жерновски ги прозва Јанушев и Мицкоски да се дообјаснат и да не се кријат пет дена по, како што рече, објавената лага дека Северна Македонија се распрачува во Софија.
„Водите политика на безнадежност и бесперспективност, затоа ви се такви протестите. За време на викендот обвинивте дека се распарчува државата.Но молчите за тоа кој ја распарчува, кој посредува, кој седи на таа маса. Молчите, а тоа е кривично дело“,
рече Жерновски.
Јанушев, пак, нагласи дека протестите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат, додавајќи дека не е решение ако се прифаќа се што ќе се понуди.
„Најверојатно не е само Бугарија пречката за тој фамозен датум. Имаме договор со Бугарија кој и тие го прифатиле. Видоа Бугарите дека имаат човек подготвен на се и едноставно таа политика која ја водат Заев и СДСМ придонесува за тоа секој да си прави со нашата државата што сака“,
рече Јанушев.
Тој ја обвини власта дека нетранспарентно го води процесот на преговори со Бугарија.