Веќе неколку дена во континуитет опозицијата одржува протести и во други градови во земјата, додека кулминираат односите на релација Скопје – Софија
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и вечерва излезе на протести во Скопје и со возила го блокира центарот на градот, под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“, обвинувајќи ја Владата за распродавање на државата и загрозување на идентитетот.
Веќе неколку дена во континуитет опозицијата одржува протести во Скопје и во други градови во земјата, додека кулминираат односите на релација Скопје – Софија, поради бугарското „вето“ за преговарачката рамка на земјава со ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција.
Демонстрантите бараат оставка на Владата и формирање влада за национален спас.