Процентот на позитивни од тестираните лица изнесува 35,9 отсто
Смртноста е најголема кај лицата над 60 години
Намален број на нови случаи на ковид-19 и намалување на бројот на тестирани, регистрира Институтот за јавно здравје за периодот од 23 до 29 ноември, во споредба со претходната седмица, од 16 до 22 ноември.

Регистрирани се 6 745 нови позитивни случаи од 35 града во државата, што е намалување од 9,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.863; 42,4%), со неделна инциденца – 326/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 35,9%.
Возраст
Според статистиката, заболените се од сите возрасни групи, но и натаму најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=1.624, 24,1%).

Голем број заболени се регистрира кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.409; 20,9%), 40-49 (n=1.258; 18,7%), 50-59 (n=1.210; 17,9%) и 20-29 (n=877; 13,0%). Најмал е бројот кај децата од 0-9 (n=99; 1,5%) и 10-19 години (n=261; 3,9%).
Смртност
Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, што е речиси исто со минатата недела, односно за 1 процент повеќе.

Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група 30-39 години.
Тестирани
Тестирани се вкупно 18 767 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање, што е за 4,6% помалку во однос на минатата недела.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 23 до 29.11.2020 г., како и кумулативната состојба со ковид-19 во земјата се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје iph.mk.