Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се појави пред новинарите со повредената нога движејќи се со помош на ортопедска чизма.
Тој се појави пред медиумите во Вилмингтон, Делавер, одејќи на средба поврзана со неговиот економски тим.
Додека излегуваше од своето возило, новинарите кои беа на поголема оддалеченост од него, го прашаа како се чувствува.
„Добро, благодарам што прашавте“,
им одговори Бајден покажувајќи кон ногата.
Тој последниот викенд доби мала фрактура, напукнат коска додека си играл со неговото куче во дворот.
ВИДЕО: Индипендент
