Хрватскиот премиер доби уште 10 дена самоизолација
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е заразен со коронавирус, соопшти вечерва хрватската Влада.
„Врз основа на препораките на епидемиолозите, премиерот Андреј Пленковиќ денеска го повтори тестот за присуство на коронавирусот и тој покажа дека е позитивен“,
изјави портпаролот на хрватската Влада.
Како штосе наведува, Пленковиќ во моментов се чувствува добро и ќе продолжи да ги извршува своите активности и одговорности од дома.
Претходно на Пленковиќ му беше наредена епидемиолошка мерка за самоизолација, бидејќи неговата сопруга прва се зарази со вирусот, а по денешниот позитивен тест дадени му се уште нови 10 дена самоизолација, пренесоа хрватските медиуми.
