Иако, главно, се протестира со автомобили кои во колони се движат низ градските улици, има и групирања на повеќе од четири лица
ВМРО-ДПМНЕ и вчерва излезе на протести, што овој пат се одржаа во 11 градови во земјава, а на кои се бара оставка од Владата, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Освен од Заев, учесници на протестите, во одделни обраќања, како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, побарале еднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки.

Говорниците истакнаа дека протестите ќе продолжат и во наредниот период, за што бараат масовна поддрѓка од граѓаните.

Иако, главно, се протестира со автомобили кои во колони се движат низ градските улици, има и групирања на повеќе од четири лица, наспроти протоколите за заштита од ковид-19.
