Опозицијата го повикува премиерот до вечер јавно да соопшти „за што точно тајно се преговара во Софија овие денови“
ВМРО-ДПМНЕ попладнево упати ултиматум до премиерот Зоран Заев – веднаш да објави за што преговара со Бугарија. Во спротивно, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат блокада на Владата и на Министерството за надворешни работи.
„Го повикуваме премиерот во заминување јавно да објави пред
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
македонската јавност за што точно тајно се преговара во Софија овие денови? Зоран Заев во интервју за бугарски медиум соопшти скандалозни тези, ретуширајќи ја историјата, нашите придобивки од антифашистичката борба, удирајќи по темелите на современата македонска држава. Дали искажаните позиции за кои не се извини сега се на маса за пазарење со Бугарија? Доколку Заев јавно не излезе до вечер да каже за што точно преговара и од што точно се
откажува, ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе организира блокади на Владата и на МНР“,