Надлежните институции почнале со градежни активности за да ја заштита црквата „Света Богородица“ во Матејче од надворешните влијанија и фактори во зимскиот период.

Конзерваторските активности ги почна Националниот конзерваториски центар – Скопје, соопшти министерката за култура Ирена Стефоска.
Ова е една од најмаркантните цркви создадени во средновековниот период. Таа во себе го содржи најголемиот насликан ансамбл во 14. век на оваа територија и претставува еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва.
