Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја. Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, рече денеска Министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарски прашања.
„Нашето антифашистичко минато нѐ стави на вистинската страна на историјата, меѓутоа денешните предизвици не можат да се решаваат исклучиво ако сме со двете нозе во минатото. Тоа го направија и европските држави само неколку години по најкрвавата војна во својата историја“,
рече Шекеринска.
Во таа насока, како што додаде, е и последното интервју на премиерот Зоран Заев кое испраќа пораки за помирување и гледање напред на работите.
„Никој во Европа не мрднал еден чекор од конфликтите и страдањата зборувајќи само за нив, туку правејќи контраст меѓу она што сме виделе, што сме почувствувале, како сме страдале и она што сакаме да биде“,
рече Шекеринска.