Работниот ден за Апасиев почна со кавга со Џафери, продолжи со препукувања со ВМРО-ДПМНЕ, а заврши со учество на протестот на опозицијата
Обвинувања и навреди си разменуваа денеска на социјалните мрежи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на Левица Димитар Апасиев, кого главната опозициска партија го обвини дека им помогнал на парламентарното мнозинство и на спикерот Талат Џафери да обезбеди кворум за избор на Добрила Кацарска за уставна судијка.
Почетокот на денешниот собраниски ден, всушност, не навестуваше дека Апасиев ќе стане цел на критика на ВМРО-ДПМНЕ. Уште на почетокот на денешната нова пленарна седница, тој влезе во кавга со спикерот Џафери затоа што не ја става на дневен ред декларацијата на Левица за осуда на бугарските „национал-шовинистички“ позиции, по што ја напушти салата.
Но потоа, откако продолжи и седницата за избор на Кацарска, за која гласаа точно 61 пратеник, пратеникот и доскорешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, индиректно, посочи на Апасиев како „виновен“ за кворумот во салата.

На Твитер се јави и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Апасиев одговори со навреди на фесбук, појаснувајќи, меѓу другото, дека СДСМ и ДУИ веќе имале мнозинство во салата за избор на уставната судијка.
„ДПМНЕвските загари, по директива од Белата палата, пред вечерашниов општонароден протест, отвора непотребна медиумска војна против опозиционата Левица“,
напиша Апасиев.
Сепак, и покрај искричењата, Апасиев го заврши денот со учество на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во изминатите месеци, особено откако Левица стана парламентарна партија, Апасиев имаше повеќе синхронизирани настапи со ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров неодамна посебно ја потенцираше одлуката на Левица да не учествува на изборите за градоначалник на Штип, откако таква одлука донесе ВМРО-ДПМНЕ.