Според Никола Мицевски, макар и на затворена седница, премиерот, вицепремиерот и шефот на дипломатијата треба да дискутираат со пратениците за македонските црвените линии
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Никола Димитров да дојдат во парламентот и, макар на затворена седница, да ги информираат пратениците за што преговараат со Бугарија, побара денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска треба да се повикаат во Собранието Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи, ако треба и на затворена седница, да се поразговара за македонските црвени линии и да бидеме информирани како пратеници што е тоа што преговара и што сѐ е спремен Зоран Заев да продаде од македонската држава“,
изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, придружуван од другите опозициски пратеници.
Тој рече дека денеска е ден за протести и будење, затоа што, како што оцени, вчера беше понижувачки ден за македонскиот народ, македонската држава и македонските национални интереси.
„Македонија не задолжила сите. И Македонци и Турци и Албанци, Бошњаци , Срби, Роми и сите останати граѓани на нашата земја. Вчера беше ден кога целата македонска јавност беше сведок на најсервилното интервју во изминативе триесет години од кој било политичар. Никој досега на ваков начин не ги клекнал на колена Македонија и македонскиот народ“,
рече Мицевски коментирајќи за интервјуто на Заев за БГНЕС и протестите што за денеска ги најави опозицијата.
Тој повика и на масовност на вечерашниот протестен марш, кој ќе заврши пред зградата на Владата, посочувајќи дека притоа треба да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.