Триесет и тригодишниот Ф.И. од Кичево попладнево бил приведен откако полицајци кај него пронашле 38 паковки со хероин и три со марихуана.
„По претходно добиени оперативни сознанија, на улицата Прилепска во Кичево, во 12:35 часот денеска, бил запрен мотоцикл управуван од Ф.И. и кај него биле пронајдени 38 паковки со хероин и три паковки со марихуана наменети за продажба“,
соопштија од Министерството за внатрешни работи
По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.