Со С.Х. биле затекнати и две малолетнички, на возраст од 10 години, по кои германската полиција трагала како исчезнати лица
Врз основа на издадена меѓународна потерница, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-отсек за потрага попладнево на улица „МАНАПО“ во Скопје го привеле С.Х. (44) од Боизенбург, Германија.
Тој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за измами и пирамидални шеми, а исто така е под истрага за недозволена трговија со дрога и фалсификување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети. Со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица. Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија.