Премиерот Зоран Заев најави дека Владата најдоцна до утре, а може уште денеска да одлучува по предлогот на Советот за безбедност за 30-дневна кризна состојба на територијата на целата држава
Владината прес- служба вечерва соопшти дека Владата во 21 часот ќе одржи седница.
Нема детали за тоа што ќе биде на дневен ред. Премиерот Зоран Заев на прес- конференцијата по седницата на Националниот совет за безбедност денеска изјави дека Владата најдоцна до утре, а може уште денеска да одлучува по предлогот на Советот за 30-дневна кризна состојба на територијата на целата држава.
