Досега во земјава од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразиле 51 213 од кои 1 423 луѓе починаа
Бројот на активни случаи изнесува 19 586
Дваесет и шест лица починаа од компликации од ковид-19 во изминативе 24 часа, додека од направени 3 081 тестирања, регистрирани се 1 198 нови случаи на заразени со коронавирус, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Од починатите најмногу, осум, се од Скопје, на возраст од 59 до 88 годишна возрат, еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите се починати во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3 081 тестирања, а регистрирани се 1 198 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје-572, по што следуваат: Куманово-41, Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19, Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5, Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11, Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3, Неготино-8.
Со ова, вкупната бројка на ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51 213, бројката на оздравени пациенти е 30 204, на починати е 1 423, а бројот на активни случаи изнесува 19 586.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 22562, активни 9479
• Куманово 3272, активни 924
• Дебар 421, активни 86
• Штип 2296, активни 502
• Прилеп 2378, активни 968
• Тетово 3320, активни 978
• Струга 1179, активни 337
• Велес 1590, активни 754
• Битола 1581, активни 789
• Охрид 1297, активни 564
• Кавадарци 969, активни 412
• Гостивар 1907, активни 628
• Гевгелија 598, активни 208 (37 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1454, активни 578
• Крива Паланка 366, активни 119
• Радовиш 365, активни 122
• Крушево 88, активни 55
• Кочани 1083, активни 316
• Пробиштип 305, активни 76
• Демир Хисар 157, активни 66
• Македонски Брод 136, активни 28
• Пехчево 95, активни 32
• Берово 306, активни 83
• Валандово 160, активни 52
• Виница 322, активни 160
• Делчево 374, активни 166 (96 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 135, активни 73
• Свети Николе 706, активни 217
• Кичево 1023, активни 426
• Ресен 369, активни 138
• Неготино 399, активни 250 (38 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3 081 теста се преку: ИЈЗ-848, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-360, Биотек-287, МАНУ -329, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина со PCR метода -275, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-2, Синлаб-71, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -489, УК Пулмологија со алергологија –1.
Досега во земјата се направени вкупно 303 281 тестирања на ковид -19.
