Шведска во последните 24 часа забележа црн рекорд регистрирајќи 96 смртни случаи со ковид-19, што е досега највисока бројка од почетокот на епидемијата во оваа земја.
Од последниот пресек, коронавирус им е потврден на уште 4 007 лица, што е речиси 2 000 помалку од највисокиот дневен биланс што беше потврден претходно овој месец.
Во Шведска досега од ковид-19 починале 6 321 пациенти.
Стапката на смртност со новиот коронавирус во оваа земја е неколкупати поголема отколку во соседните скандинавски земји, но, сепак, е пониска отколку во некои поголеми европски земји, како што е Шпанија.
Шведска воведува и нови рестриктивни мерки, со што покажува дека го напушта моделот што го применуваше од почетокот на епидемијата за создавање колективен имунитет против вирусот.
Земјата воведува делумен карантин, а забрането ќе биде баровите и рестораните да продаваат алкохол по 22 часот. Новите ограничувања ќе се применуваат низ целата земја од 20 ноември.