Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 271 и има колку 90 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.
Најголем број пациенти во болниците надвор од главниот град има во Битола и Штип, каде се хоспитализирани дополнително 142 болни.
Во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 110, во Гостивар 48, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица има 84 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 19, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство соопшти дека доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.