Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на Германија.

Како што информираат од Владата, премиерот Заев искажал благодарност за целокупниот ангажман на Германија кон евроинтеграциите на С Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките на Берлинскиот процес кој резултираше со неколку клучни договори и соработки кои беа потпишани на самитот во Софија на кој ко-домаќини беа премиерите Заев и Борисов.
Премиерот Заев го истакна очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.
Агендата на премиерот Заев во Берлин, продолжи со церемонијата и врачувањето на наградата за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“(ФЕС), а ќе има и работна вечера со парламентарците во германскиот Бундестаг.