Во болниците во внатрешноста каде се третираат ковид-пациенти има 753 лица позитивни или сомнителни на ковид и во моментов слободни се околу 130 слободни болнички кревети, соопштија од Министерството за здравство.
Заедно со пациентите хоспитализирани во Скопје, според моменталниот извештај од Министерството, низ болниците има вкупно 1 212 пациенти, но бројката се менува од час во час.
Здравствените власти велат дека има слободни места, а треба да се земе предвид и дека се прави и испис на пациенти, не само прием на нови.
По болници и инфективни одделенија по градови, извештајот покажува дека во Битола се хоспитализирани 77 пациенти, во Штип 61.
Понатаму, на инфективните одделенија и ковид-центрите во останатите градови има: Тетово 47, Куманово 73, Охрид 100, Прилеп 94, Гостивар 44, Струга 35, Струмица 70, Кочани 25, Кичево 20, Кавадарци 33 и Гевгелија 10 пациенти.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство, додаваат оттаму, е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
