Од МЗ предпладнево соопштија дека, до утрово во 8 часот, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 382 пациенти
Вкупно 682 пациенти позитивни и суспектни на ковид – 19 се лекуваат моментно во регионалните центри Битола и Штип и во другите болници надвор од Скопје. Од Министерството за здравство велат дека капацитетите во болнците во внатрешноста на земјата не се исцрпени.
Во болниците во внатрешноста, велат од МЗ, има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во болницата во Штип се примени 5, а вкупно хоспитализирани 59 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 51 пациент, во Велес се лекуваат 75 болни, а во Куманово 66 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 80, во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани и во Кичево по 19, Кавадарци 42, а во Гевгелија 12 лица позитивни на корона вирусот.
Бројките, како што посочуваат од МЗ, се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Инаку, сите одделенија на клиничките болнии располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширен“,
велат од МЗ.
Од Министерството предпладнево соопштија дека до утрово во 8 часот во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 382 пациенти.