Најважаната споредна работа на светот – фудбалот, успеа за момент да ги обедини и македонските политичари од власта и опозицијата. Пред вечерашниот натпревар на макеоднската репрезентација против Грузија, политичарите испраќаат мотиврачки пораки до фудбалерите.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, преку видео-разговор ѝ порача на македонската фудбалска репрезентација дека очекува победа и им посака успех. Доколку македонската репрезентација донесе победа тоа значи дека се пласираат за учество на европското фудбалско првенство следната година.
„Вечерва, од 18 часот ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје“,
соопшти Пендаровски.
Облечен во дрес од македонската репрезентација, премиерот Зоран Заев од неговиот кабинет им укажа дека ова е историска шанса, која досега само сме ја сонувале.
„Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа“,
вели Заев.
Пораки за мотиавија на македонските фудбалети упати и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
