Десетмина здравствени работници, кои работат и се дојдени на помош во Инфективната клиника во Скопје, се позитивни на ковид-19.
Како што информирале од Министерството за здравство за МИА, други двајца се во изолација.
На Клиниката се вработени вкупно 40 медицински сестри, а 11 се дојдени на помош. Во модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на помош.
Заклучно со вчерашната статистика, на Институтот за јавно здравје во моментов има 297 активни случаи меѓу здравствени работници.
Од почетокот на здравствената криза, со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале, велат од Министерството за здравство.