По четири смртни случаи се од Скопје, Прилеп и од Тетово. Во последните 24 часа се регистрирани и 978 новозаразени од 2 667 тестирања
Најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на ковид-кризата во земјава е регистриран во последните 24 часа, кога починаа 26 лица.
Министерството за здравство информира дека се направени 2 667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје-392,
Куманово-51,
Дебар-6,
Штип-18,
Прилеп-29,
Тетово-95,
Струга-10,
Велес-48,
Битола-36,
Охрид-31,
Кавадарци-22,
Гостивар-49,
Гевгелија-14,
Струмица-21,
Крива Паланка-8,
Радовиш-6,
Крушево-2,
Кочани-32,
Пробиштип-8,
Демир Хисар-6,
Македонски Брод-1,
Пехчево-1,
Берово-9,
Валандово-3,
Виница-12,
Делчево-12,
Кратово-6,
Свети Николе-8,
Кичево-20,
Ресен-8,
Неготино-14.
По четири смртни случаи како последица на компликации со ковид-19 има во Скопје (69, 88, 83 и 60г), Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и во Тетово (50, 67, 78 и 63г).
Тројца од починатите пациенти се од Охрид (57, 71 и 57г), а по двајца од Велес (79 и 73г) и од Битола (72 и 84г). По еден смртен случај има во: Куманово (58г), Штип (83г), Струга (82г), Гевгелија (87г), Струмица (67г), Кочани (70г) и Делчево (49г). Во болнички услови починале 23 пациенти.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од:
Скопје-9,
Куманово-2,
Штип-5,
Битола-4,
Кавадарци-1,
Виница-1,
Ресен-2.