Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, вели дека пред неа и новиот американски претседател Џозеф Бајден претстои многу работа.
„Овие избори се многу повеќе од (изборот) на Џо Бајден или мене. Станува збор за душата на Америка и нашата подготвеност да се бориме за тоа. Пред нас има многу работа“,
напиша Харис на Твитер, по проекциите дека двоецот Бајден-Харис победил на изборите.
Сенаторката од Калифорнија со изборот за претседателка на САД пишува историја, бидејќи ќе биде првата жена, првата црнкиња и првата личност со јужноазиско потекло на таа функција.
Во меѓувреме, Бајден и Харис ги додадоа своите нови функции и на своите налози на Твитер. Во своите биографии додадоа „избран претседател“, односно „избрана потпретседателка“ на САД.
Харис сподели и видео на својот профил на Твитер на кое се слуша дека телефонски разговара со новоизбраниот претседател Бајден.
„Успеавме Џо, ќе бидеш новиот претседател на САД“,
вели Харис.
We did it, @JoeBiden. pic.twitter.com/oCgeylsjB4
— Kamala Harris (@KamalaHarris) November 7, 2020