Триесет и едногодишниот Е.И. од село Палчиште, Тетовско, е приведен вчера околу 22:30 часот поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик.
Како што информира полицијата, при контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., тој е затекнат како работи и покрај одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21 часот.
