Неговиот портпаролот потоа се обиде да го оправда неговиот говор во емисијата истакнувајќи дека Бенон говорел метафорички
Твитер го блокираше Стив Банон, поранешен висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако синоќа изјави дека директорот на ФБИ, Кристофер Реј и водечкиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи треба да бидат обезглавени и главите да им бидат поставени на кол пред Белата куќа.
WHAT THE HOLY F*CK?! Steve Bannon calls for the ***beheading*** of Dr Fauci and FBI Director Wray as a warning to federal workers. This video is real. Captured by @peltzmadeline. pic.twitter.com/fgVdfLT0hQ
— Eric Feigl-Ding (@DrEricDing) November 5, 2020
„Вториот мандат започнува со разрешување на Реј, со разрешување на Фаучи. Сега, всушност, сакам да одам уште подалеку, но сфаќам дека претседателот е човек со срце и е добар човек. Всушност, би сакал да се вратам во времето… во Англија – би им ги забил главите на кол, би ги ставил во два агли на Белата куќа како предупредување до федералните бирократи“,
рече Банон во својата емисија „Воена соба: пандемија“ додека анализираше за евентуален втор мандат на претседателот Доналд Трамп.
Банон е на слобода со кауција од пет милиони долари, по обвиненијата за лажење за собирање донации за невладина организација која работи на изградбата на ѕидот на јужната граница на САД.

Портпаролот на Банон, по бурните реакции, изјави дека тој не повикал Фаучи и Реј да бидат обезглавени, туку зборувал метафорички, додавајќи дека тој никогаш не повикал на насилство.
Портпаролот на обвинителството во Њујорк засега не коментираше дали ќе побараат од федералниот судија во Менхетен да ја поништи кауцијата на Банон.
Банон ја водеше предизборната кампања на Трамп во 2016 година и беше висок советник во Белата куќа се додека не беше отпуштен од американскиот претседател во август 2017 година.