Познатиот рапер Канје Вест го призна поразот на изборите во САД и најави дека повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година, објави „Скај њуз“.
Вест ја започна својата кампања во јули, но успеа да се најде на гласачките ливчиња во само неколку држави, поради пречекорување на роковите и недоволно собрани потписи.
Според прелиминарните податоци, раперот освоил околу 57.000 гласови во 12 држави во кои се кандидирал.
Вест наводно потрошил околу 12 милиони долари на својата неуспешна претседателска кампања.
Тој на социјалните мрежи сподели фотографија пред мапата на САД која е обоена во плаво и црвено, боите на демократите и републиканците, пишувајќи „Welp Kanye 2024“.
Изразот „Welp“ претставува разочарување, но раперот потоа ја сменил објавата и го избришал, оставајќи да пишува „Kanye 2024“, забележува „Скај њуз“.
KANYE 2024 pic.twitter.com/Zm2pKcn12t
— ye (@kanyewest) November 4, 2020