Во изолација заминуваат уште шестмина вработени во општинската администрација
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов позитивен на коронавирусот.
Тој претпладнево во сатус на социјалните мрежи објави дека е позитивен и дека е со благи симптпми.
„И покрај почитувањето на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна изолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло“,
вели Анастасов.
Според епидемиолозите, во изолација заминуваат уште шестмина вработени во општина Пробиштип, а претходно во општинската администрација имало два позитивни случаи, кои се во изолација.
