Од унгарското МНР соопштија дека министерот нема никакви симптоми, туку дека бил тестиран по пристигнувањето во Бангкок, како што е предвидено со локалните правила
Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто е позитивен на коронавирусот, покажало тестирањето што тој го направил во Бангкок, каде што се наоѓа во официјална посета.
Од унгарското МНР соопштија дека Сијарто нема никакви симптоми, туку дека бил тестиран по пристигнувањето во Бангкок, како што е предвидено со локалните правила.
Шефот на унгарската дипломатијата ја посетил болницата во Бангкок, по посетата на Камбоџа.
Пред патувањето во Азија, тестот на Сијарто на ковид-19 бил негативен.
Унгарскиот министер моментно е во изолација во Тајланд и се разговара за да се обезбеди неговото враќање во Будимпешта, каде што ќе биде во карантин.