Во Кавадарци денеска е потврдено дека уште една наставничка е позитивна на новиот коронавирус, а вкупно 24 ученици кои биле во контакт со неа ќе бидат во изолација.
Ова, за МИА го потврди д-р Ристе Јовановски специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Со денешната статистика за сосотојбата со ковид-19 во земјава, во Кавадарци регистрирани се нови 26 случаи. Во овој град, од почетокот на епидемијата се регистрирани 538 случаи на ковид, а во моментов активни се 235.
