Директорот на Пазарниот инспекторат Пауновски одговараше на новинарско прашање, дали со затворањето на овие простори, тие стануваат ризични за ширење на коронавирусот
Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес-конференција рече дека терасите на рестораните и кафулињата продолжуваат да работат како и досега и покрај тоа што тие се затвораат со најлони и пластики поради опаѓањето на надворешните температури, со што просторот од отворен се претвора во затворен.
„Ние како ДПИ вршиме контроли за тоа дали се почитуваат протоколите. Протоколите се во сила и дозволуваат работа на терасите. Доколку се донесат нови протоколи, ние ќе постапуваме по нив. Засега се останува исто“,
рече Пауновски одговарајќи на новинарско прашање, дали со затворањето на овие простори тие стануваат ризични за ширење на коронавирусот.
