Министерство за образование и наука (МОН) го повлече учебникот за петто одделение по предметот Македонски јазик од неколку причини, меѓу кои и дискриминација и стереотипи.
„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“,
соопштија од МОН.
Оттаму информираат и дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници.
