Првата дама на Франција, Брижит Макрон заминува во седумдневна изолација откако била во контакт со позиитвно лице на ковид-19. Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот на земјата, Емануел Макрон, тој нема да се изолира засега.
„Доколку Брижит се покаже позитивна на тестот, изолација ќе следува и за претседателот“,
информираат од Кабинетот на претседателот.
Брижит Макрон била во контакт во четвртокот, на 15 октомври, со лице кое денеска имало позитивен тест за ковид-19.
„Во согласност со препораките на здравствените власти, таа ќе биде во самоизолација седум дена. Брижит Макрон нема симптоми на болеста во оваа фаза”,
се вели во соопштението.