Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (9 октомври 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Ова издание на „360 степени“ го посветуваме на две теми:
– Исходот од посетата на шефот на дипломатијата Бујар Османи на Софија во атмосфера на неизвесност дали Бугарија ќе поддржи одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија во декември;
– Рекордниот број новозаразени со ковид-19 и опасноста од италијанско сценарио со пренатрупување на болниците преку интервју со министерот Венко Филипче.
„360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.