Американскиот претседател вети дека ќе се работи на експериментална комбинација на лекови, кои ќе бидат бесплатно достапни за Американците
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека тоа што е заразен со ковид-19 е „благослов од Бог“, бидејќи му пружил поука за можните лекови за болеста.
Како што пренесува МИА, во видеоснимката објавена на Твитер, неколку часа откако одржа состанок во Овалната соба, иако е инфициран со новиот коронавирус, Трамп вети дека ќе се работи на експериментална комбинација на лекови, кои ќе бидат бесплатно достапни за Американците.
„Сакам да имате ист третман како и вашиот претседател“,
истакна Трамп.