Полицаецот Дерек Чаувин, кој беше обвинет за бруталност при апсење со смртни последици кога почина афроамериканецот Џорџ Флојд, е ослободен од затвор со кауција од милион долари, пренесуваат американските медиуми.
Според судските документи, Чаувин исплатил милион долари, а Секретаријатот за извршување на казни потврдил дека тој повеќе не во притвор.
Флојд почина на 25 мај, откако беше приведен од Чаувин. При приведувањето, Чаувин со нога го притискаше вратот на Флојд, а видеоснимката од тој настан го обиколи светот. Обдукцијата покажа дека смртта настапила од задушување, а беше приведен оти се обидел да плати со фалсификувана картица во продавница, по што вработените му повикале полиција.
Останатите тројца полицајци кои учествуваа во инцидентот, Томас Лејн, Александер Куенг и Ту Чао се обвинтели за соучешништво и убиство од втор степен. Тие платија кауција претходно во вредност од 750 илјади долари.
Четворицата треба да се појават на суд во март, но се размислува да им се суди одвоено.
Смртта на Флојд предизвика низа на протести низ САД.