Носителката на листата во првата изборна единица од коалицијата за „Обнова на Македонија“, Гордана Силјановска Давкова, вели дека „бомбите“ личеле на признание.
Таа вечерва во гостување на телевизија Телма, се осврна и на останатите моменти од кампањата.
„Бомбите кои ги слуша јавноста не ми се познати, но се шокантни. Личат на признание. И сега веќе секој би интерервенирал во нормална држава, но кај нас Русковска, Јовевски не реагираат на тоа што го слушаме“,
рече Силјановска.
Во врска со предлогот на ДУИ за премиер Албанец, таа вели дека функцијата треба да е достапна секому без етнички предзнак.
„Уставот вели дека секоја функција под еднакви услови му е достапна секому. Ако однапред одиме со етнички предзнак, стартот ја проблематизира демократијата“,
кажа Силјановска.
Таа додаде дека концептот “Едно општество за сите” е можен само како едно општество на сите рамноправни граѓани, концепт едно општество на нации нема врска со едно општество, туку е федерација на етнички принцип.
„Знаеме како завршија вакви концепти како Чехословачка, Руската федерација“,
рече таа.