Од Територијалната противпожарна единица од Ранковце информираат дека станува збор за куќа на приземје, со четири простории, од кои опожарена е само едната, каде што најверојатно сопственикот спиел, а можна причина за пожарот е палење на оџакот
Според информациите од МВР, починатиот бил пронајден од пожарникарите кои работеле на гаснење на пожарот околу четири часот и десет минути утринава.
„Во четири часот и десет минути, во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека во село Отошница настанал пожар во куќа, сопственост на Т. М. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ранковце, а во куќата бил пронајден починат сопственикот. Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот“,
информираа од МВР.
Од Територијалната противпожарна единица од Ранковце информираат дека станува збор за куќа на приземје, со четири простории, од кои опожарена е само едната, каде што најверојатно сопственикот спиел, а можна причина за пожарот е палење на оџакот.
Увидот на полицијата сѐ уште трае, а градоначалникот Борче Спасовски изрази жалење за немилиот настан и сочувство до семејството на починатиот.