Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (18.3.2019 г.):
-планерска фирма, ангажирана од општина Центар, го црта ДУП-от за паркингот кај „Холидеј ин“ за цена од само еден денар – истражувавме за врските меѓу планерите и градежните компании;
-законот за СЈО станува главен услов за почеток на преговори со ЕУ – од работниот појадок за земјава во Брисел;
-„Северна Македонија веќе испорача. Сега ние, Европската унија, треба да и возвратиме“ – шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, во кратко интервју за „360 Степени“;
-во екот на епидемија на мали сипаници, анти-вакцинална пропаганда на Собранискиот канал и на една приватна телевизија – Филипче се консултира со МВР и обвинителството;
-450 илјади граѓани преживуваат во зоната на сиромаштија, а сто илјади тони употреблива храна завршува на депонија – во подготовка закон што ќе стимулира донирање храна;
-„Саботажа“.
Напишете коментар