Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (04.02.2019 г.):
-загадување на воздухот: по алармантните резултати од експериментот со плунка, министерот Венко Филипче разговарал со колешката Бети Дејанова и договорил да се направи опсежно истражување;
-како ќе се постават Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје по „начелното правно мислење“ на Врховниот суд со кое се што презема СЈО по 30 јуни 2017 година е прогласено за незаконско;
-злоупотреби при вработувањето лица со хендикеп – има ли власта капацитет да се справи со оваа појава;
-како живеат децата без родители во новите мали групни домови по напуштањето на Домот „11 Октомври“ – репортажа;
-„Саботажа“.
Напишете коментар