Во новото издание – прво од петтата сезона на „360 Степени“ на ТВ Алсат-М (03.09.2018 г.) :
-предреферендумска репортажа од родните места на тројцата први луѓе во државава – Валандово на Иванов, Муртино на Заев и Форино на Џафери;
-кратки интервјуа со шефот за Балканот во американскиот Стејт Департмент, Метју Палмер, и со специјалниот претставник на германското МНР за регионот, Кристијан Хелбах (во пресрет на посетата на Ангела Меркел на Македонија в сабота);
-корупциските афери се множат, антикорупциска нема – дали власта свесно го одолговлекува процесот;
-„Саботажа“.